При експлозијата во фабриката во источна Кина загинаа 47 лица, а 640 се хоспитализирани

При вчерашната експлозија во хемиска фабрика во источниот дел на Кина  загинаа 47 лица, а 640 лица се хоспитализирани, од кои 90 лица се во тешја здраствена состојба.

 

Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен“.

 

– Експлозијата доведе до евакуација на околу три илјади вработени во фабриката и околу илјада локални жители, се наведува во соопштението.

 

Во областа се затворени училиштата и градинките.

 

Националниот центар за сеизмологија на Кина соопшти дека во градот во кој се случи експлозијата, е регистриран земјотрес со интензитет од 2,2 степени по скалата на Рихтер.

 

Фабриката работи од 2007 година. Шестпати е казнувана поради загадување на воздухот и лошо управување со отпадот. Во нејзина близина има уште неколку хемиски фабрики. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.