Грција реагира на изјава на турскиот министер за одбрана за Егејското Море

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар предизвика контроверзи, тврдејчи дека Егејското Море и Кипар се во територијалните води на Турција.

 

– Ние го контролираме морето и морското дно…Црно Море, Егејско Море, источен Медитеран, вклучително и Кипар, оцени турскиот министер. Тој тврди дека овие области се во турската сфера на интерес и оти Турција има одговорност да обезбеди мир и стабилност.

 

Веднаш реагираше неговиот грчки колега Евангелос Апостолакис, барајчи Анкара да ги повлече бесмислените тврдења кои долеваат масло на билатералните тензии, јави грчкиот весник „Екатимерини“.

 

– Иако сме во фаза кога се обидуваме да најдеме начин да ги намалиме тензиите…Акар не изненади со нешто сосема ново, со работи кои со вон здравиот памет, потенцира Апостолакис.

 

– Грција се раководи од принципот за почитување на меѓународното право и договори. Кога тие принципи ќе се доведат во прашање, имаме причина за загриженост, појасни тој.

 

– Не мислам дека изјавите на Акар треба да се сфатат сериозно. Турските претставници треба да бидат сериозни и да внимаваат што зборуваат, оцени грчкиот министер.

 

Изјавата на Акар доаѓа по вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос на Турција и неговата средба со турскиот колега Мевлут Чавушоглу. Катругалос на средбата рече дека Грција признава дека Турција, исто како и Грција, согласно меѓународното право, има право на експлоатација на Медитеранот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.