Амнестијата на албански затвореници во рацете на новите опозициски пратеници

Албанското владејачко мнозинство ќе побара помош од новите опозициски пратеници за усвојување во Парламентот на Законот за амнестија на затворениците, соопшти министерката за правда на Албанија, Етилда Ѓонај, додавајќи дека се разгледува начинот како може законскиот повторно да се најде во Законодавниот дом.

 

– Поради бојкотот на опозиција и немањето волја кај неа да се одобри амнестија, која се изгласува со двотретинско мнозинство, таа остана не усвоена. Но, сега кога дојде опозицијата, односно другиот нејзин дел, ќе ја разгледаме идејата за тоа како можеме да го ставиме Предлог-законот за амнестија повторно пред Парламентот, изјави Ѓонај.

 

Според неа, со Предлог-законот подготвен од министерствата за правда и за внатрешни работи се предвидува амнестија за 350 осуденици.

 

– Со амнестијата ќе бидат опфатени 350 лица, но не и осудени за тешки кривични дела, како убиства, недозволена трговија со дрога и слично. Тоа секако ќе влијае и во намалувањето на пренатрупаноста во казнено-поправниот систем, додаде министерката.

 

Амнестијата требаше да се случи по повод новогодишните празници.

 

Откако на 21 минатиот месец опозицијата ги достави потпишаните изјави на пратениците за откажување од пратеничките мандати, Централната изборна комисија почна со пополнување на испразнетите места со кандидати кои се подолу на изборните листи.

 

Досега се пополнети 14 од испразнетите места, а денеска постапка за тоа почнаа тројца, што се повеќе од доволни владејачкото мнозинство да го обезбеди двотретинското мнозинство во 140-члениот Парламент, доколку успее да ги убеди новите опозициски пратеници. Во Парламентот остана и седуммина опозициски пратеници кои одбија да се откажат од мандатите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.