„Боинг" склучи договор со Пентагон вреден 4,1 милијарди долар

Американскиот авиоиндустриски гигант „Боинг" склучи договор со Министерството за одбрана на САД, вреден 4,1 милијарди долари.

Извори од Пентагон соопштија дека станува збор за договор за ширење и унапредување на системот за противвоздушна одбрана.

 

Ова е четврти договор меѓу „Боинг" и Пентагон, склучен во последниов период. Претходно. беше склучен договор од 9,2 милијарди долари за производство на 351 авион за обука Те-Икс, кој е заеднички проект на „Боинг" и шведскиот СААБ, и на 46 симулатори за лет, како и спогодби за изработка на првото беспилотно летало за снабдување во вредност од 805 милиони долари и за производство на хеликоптери за сума од 2,4 милијарди долари. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.