Десетици илјадници луѓе во Лондон бараа нов референдум за Брегзит

Десетици илјадици луѓе маршираa во центарот на Лондон, барајќи нов референдум за Брегзит, додека парламентот бара излез од ќор-сокакот во која западна истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

 

Демонстрантите одeaод паркот Лејн до парламентарниот плоштад, каде што подоцна одржаa собир. Демонстрациите се случуваат откако Унијата дозволи пролонгирање на Брегзит.

 

Премиерката Тереза Меј во повеќе наврати ги отфрли повиците за втор референдум и покрај тоа што Парламентот не успеа да го изгледа договорот кој таа го испреговара со Унијата.

 

Во меѓувреме, бројот на потписници на онлајн петицијата со која се бара Владата да го повлече Членот 50 за излегување од ЕУ се зголеми на четири милиони.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.