Шешељ запали знамиња на ЕУ и НАТО во центарот на Белград

Во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС) денеска во центарот на Белград се одржа протестен марш по повод 20-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија, на кои беа запалени знамиња на ЕУ и Алијансата.

 

Маршот започна од улицата „Кнез Михаилова" и заврши пред Претседателската палата.

 

Учесниците на маршот ги предводеше лидерот на СРС и осуден воен злосторник од страна на Хашкиот трибунал, Воислав Шешељ, кој на почетокот на собирот запали знамиња на Европската унија и НАТО.

 

Шешељ при тоа изјави дека со палењето на знамињата „сакал да покаже што мисли за ЕУ и НАТО".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.