Вкупно 23 лица приведени во немири во мигрантски кварт во Данска

Данската полиција приведе 23 лица поради насилство, откако ултрадесничарски провокатор фрли копија од Куранот во воздух во мигрантски кварт во Копенхаген.

 

Полицијата во Копенхаген соопшти дека се притворени осомничени кои стојат зад десетина запалени автомобили и контејнери за смет, воглавно во Ноеребро, мигрантски кварт во данскиот главен град.

 

Немирите почнале откако Расмус Палудан, адвокат кој пропагира право на слобода на говор на демонстрации ширум Данска, неколку пати ја фрли исламската света книга во воздух.

 

Данскиот премиер Ларс Леке Расмусен постапката на Палудан ја нарече „бесмислена провокација“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.