Демонстрантите во Судан бараат распуштање на Привремениот воен совет

Лидерите на протестите во Судан побараа распуштање на Воениот совет, кој на власт дојде минатата недела, оценувајќи оти треба да биде заменет со цивилна инситуција.

 

– Сакаме распуштање на Воениот совет и негова замена со цивилен совет во кој ќе има и воени претставници, изјави Мухамед Наџи од Здружението на суданските професионалци, кое ги предводеше протестите во Судан.

 

Армијата на Судан минатата недела по повеќемесечните антивладини протести, го смени претседателот Омар ал Башир, а со земјата раководи Привремен воен совет.

 

За шеф на Привремениот воен совет назначен е суданскиот министер за одбрана Ахмед Авад Ибн Ауф. Тој најави дека за две години во Судан ќе бидат одржани „слободни и фер избори".

 

Протестите во Судан почнаа во декември поради лошата економска состојба во земјата, но набрзо се претворија во израз на општо незадоволство од 30-годинешното владеење на Ал Башир. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.