ОБСЕ апелира на дијалог меѓу власта и опозицијата во Албанија

 Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард, смета дека е неразумно продолжувањето на политичката криза во Албанија.

 

По средбата со студентите на Универзитетот Луиѓ Гуракуќи во Скадар, тој рече дека политичката криза е на штета на Албанија и упати апел до власта и опозицијата за дијалог.

 

– Се обидуваме на секој начин да има разговори. Сакаме сите политички фактори да учествуваат на изборите. Невозможно е да ја гледам иднината за она што може да се случи во Албанија. Сите партии имаа претставници во Централната изборна комисија (ЦИК) и ги признаа изборите во 2017 година, истакна Бошард.

 

Тој го повтори ставот дека откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати е чин без преседан и лош пример за регионот. Бошард додаде дека пополнувањето на дел од пратеничките места во албанскиот законодавен дом, од кои се откажа опозицијата, со кандидати кои се подолу на гласачките ливчиња, е легитимен.

 

Бошард на средбата упати апел до студентите да бидат поактивни во политичкиот живот. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.