Зеленски: Мојата прва задача ќе биде ослободување на воените затвореници

 Комичарот Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговата прва задача како нов претседател на Украина ќе биде да обезбеди ослободување на воените затвореници кои се во притвор во источна Украина и Русија.

 

– Задача број еден за нас е враќање на сите затвореници, сите воени заложници, нашите морнари, истакна Зеленски кој според првичните резултати, освои 73 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Украина. Тој убедливо го победи Петро Порошенко, кој освои само 25 проценти од гласовите.

 

Во Русија во затвор се наоѓаат 24 украински морнари од ноември минатата година, кога руската крајбрежна стража заплени три украински бродови додека пловеле нив Керченскиот Теснец.

 

– Ветувам, никогаш нема да ве изневерам, вети Зеленски по објавувањето на резултатите и додаде дека иако се уште не е претседател, може да зборува како граѓанин на Украина, сугерирајќи дека неговата убедлива победа може да послужи како модел за другите поранешни советски држави кои „сакаат да мрднат од закоравената политика".

 

– До сите земји од поранешниот Советски Сојуз – погледнете не ! Се е можно, истакна Зеленски.

 

Украинскиот претседател има значајни овластувања кога станува збор за безбедноста, одбраната и надворешните работи на земјата. Победата на Зеленски со толку голема разлика преставува голем удар за Порошенко кој е на власт од 2014 година. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.