Медведев: Постои можност за поправање на односите со Украина

 Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев очекува новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски да продолжи со досегашната реторика, но верува оти постои моќност да се поправат билатералните односи.

 

– Нема сомнеж, во однос на Русија, новиот претседател на земјата ќе ја има истата реторика како и за време на претседателската кампања, и повторување на добро познатите идеолошки формули фокусирани на одредена група луше, напиша Медведев на Фејсбук.

 

Тој додаде дека нема илузии, но оти постои можност за поправање на односите помеѓу двете држави.

 

Украинскиот комичар Володомир Зеленски вчера победи во вториот круг од претседателските избори во Украина. Според првичните податоци, Зеленски освоил 73 отсто од гласовите, додека Порошенко само 25 проценти.

 

Зеленски синоќа изјави дека негова прва задача како претседател на Украина ќе биде да обезбеди ослободување на воените затвореници кои се во притвор во Источна Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.