„Индепендент": Путин одбива да му честита на новиот претседател на Украина

 Рускиот претседател Владимир Путин одбива да му честита на новиот шеф на украинската држава Володимир Зеленски за неговата убедлива победа на вчерашниот втор круг од претседателските избори, објави лондонски „Индепендент".

 

Весникот се повикува на изјава на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој нагласи дека засега „се уште е многу рано да се говори за честитки за господин Зеленски" или да се коментира перспективата за идната соработка меѓу Москва и Киев.

 

– Ние ги почитуваме украинските избори, уште повеќе што одлуката на луѓето беше многу јасна. Но, легитимноста на тие избори се уште е под знак прашање, бидејќи 3.5 милиони луѓе не можеа да гласаат, изјави Песков, алудирајќи на жителите на источниот украински регион Донбас, што е под контрола на локалните проруски сепаратисти. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.