ОБСЕ даде позитивна оценка за претседателските избори во Украина

 За време на претседателските избори во Украина беа почитувани основните слободи, а вториот изборен круг беше добро организиран и покрај ограничениот период за подготовки, соопшти Меѓународната набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

 

– Мирниот трансфер на власта би требало да создаде услови за зајакнување на демократските институции и нивната одговорност, иако во текот на кампањата за двата изборни круга немаше искрена дискусија за проблемите од јавен интерес, се наведува во соопштението на Набљудувачката мисија на ОБСЕ на претседателските избори во Украина.

 

Набљудувачите оценуваат дека во Украина и натаму има проблеми со правната рамка и нема доволна волја за одлучување по изборните приговори на ефикасен начин.

 

Давајќи позитивна оценка за вчерашниот втор круг од претседателските избори, Мисијата на ОБСЕ наведува дека е забележано значително подобрување во споредба со првиот круг и покрај неколку процедурални проблеми.

 

– Демократската и мирна смена на власта што ја видовме вчера, претставува голем успех за украинскиот народ и таа ќе го трасира патот за нови неопходни реформи кои би помогнале за решавање на горливите проблеми и ќе доведе до добро управување со државата, изјави координаторот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ, Џорџ Церетели. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.