„Блиц": Вучиќ поради болест ги откажа најавените активности

Српскиот претседател Александар Вучиќ поради болест не присуствува на денешните собири со кои се одбележува 20-годишнината од бомбардирањето на авионите на НАТО на зградата на Радио Телевизија Србија (РТС), тврди „Блиц".

 

Весникот наведува дека поради болеста Вучиќ ги откажал сите планирани активности за денеска и за утре.

Кабинетот на Вучиќ не ги коментираше ваквите тврдења, само соопшти дека во негово име на собирите ќе се обрати српската премиерка Ана Брнабиќ.

Српските медиуми посочуваат дека Вучиќ досега и кога бил болен редовно ги извршувал своите обврски, оценувајќи дека овој пат веројатно „работата е сериозна".

 

Дел од медиумите посочуваат дека Вучиќ изгледал „прилично исцрпено" на митингот на неговите приврзаници одржан во петокот во Белград, посочувајќи дека наликувало оти „едвај го издржал говорот и гласот повремено му се губел "

Инаку, зградата на РТС беше бомбардирана на 23 април 1999 година во 2.06 часот, при што загинаа 16 новинари и вработени во телевизијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.