Кина: Санкциите против иранската нафта ќе ги интензивираат немирите на Блискиот Исток

Кина денеска предупреди дека одлуката на САД да воведат санкции против купувачите на иранска нафта ќе „ги интензивира превирањата“ на Блискиот Исток и на меѓународниот енергетски пазар.

 

Вашингтон пост“ повикувајќи се на двајца неименувани американски претставници, објави дека државниот секретар на САД, Мајк Помпео најави дека „Стејт департментот од 2 мај нема повеќе да одобрува исклучоци,  вклучувајќи го и големиот увозник Кина, од примената на санкциите кон Иран за ниту една земја која во моментот увезува иранска сурова нафта или кондензат (ултралесен облик на сурова нафта).

 

– Таквиот чекор на САД ќе ги интензивира немирите на Блискиот исток и превирањата на меѓународниот енергетски пазар, изјави портпаролот на кинеското МНР на редовен брифинг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.