Во Малави почна имунизација на децата против маларија

Светска здравствена организација соопшти дека Малави е првата земја која почна имунизација на децата против маларија, користејќи само лиценцирана вакцина за заштита од болеста што ја пренесуваат комарци.

 

Маларијата секоја година убива околу 430.000 луѓе, од кои поголемиот број деца помали од пет години во Африка.

 

Вакцината позната како „Москвирикс“ е на компанијата „ГлаксоСмитКлајн“. Претходното испитување покажа дека вакцината била околу 30 проценти поефикасна кај децата кои примиле четири дози, но оти се намалува заштитата со текот на времето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.