ЕУ жали поради одлуката на САД за санкционирање на увозот на иранска нафта

Портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчич, порача дека ЕУ ќе продолжи да го почитува меѓународниот договор со Иран и покрај овие санкции.

 

Американската администрација вчера најави од 2 мај нема да бидат ослободени одредени земји од санкции за увоз на иранска нафта. Досега Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Грција. Турција и Тајван беа ослободени од примена на американските санкции кон Иран.

 

Администрацијата на Доналд Трамп порача дека нема повеќе да ги толерира овие исклучоци и дека ќе го зголеми економскиот и дипломатскиот притисок врз Техеран.

 

Одлука доаѓа една година откако САД одлучи да се повлече од договорот за денуклеаризација на Иран, потег кој длабоко ги вознемири другите потписници на оваа спогодба.

 

– Жалиме поради најавата да не се обноват изземањата, ова дополнително се заканува да го поткопа Договорот со Иран, кој е клучен елемент во глобалната архитектура за спречување на нуклеарната пролиферација, изјави денеска Маја Коцијанчич.

 

Таа додаде и дека ЕУ ќе продолжи да го почитува договор со Техеран се додека Иран се придржува до своите обврски во делот на нуклеарниот развој. Коцијанчич потсети дека е утврдено од страна на надлежните меѓународни агенции дека Иран ги почитува своите заложби и дека договорот со оваа земја е одобрен од страна на Советот за безбедност на ОН и е „критичен“ за регионалната и глобалната безбдност. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.