Русија ги предупреди САД да не се обидуваат со кибер-напади

Москва нема да толерира закани и ќе одговори на каков било кибер-напад, изјави денеска специјалниот претставник на рускиот претседател за меѓународна соработка во областа на информациска безбедност Андреј Круцких.

 

– Всушност се во кибер светот се врши преку приватни воени компании… Меѓутоа, некои министри во САД посакале од неодамна да го заплашуваат светот и да се фалат дека ќе бидат извршени кибер-напади, дури и против Русија. Сакам да верувам дека ова е само политичко, неодговорно шегување, истакна Круцких.

 

Според него, сите политички активисти мора да разберат дека секоја акција има реакција и земја како Русија нема да толерира никаква штета, ниту ќе дозволи напади врз себе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.