All for Joomla All for Webmasters

Невреме во Србија, испукани 829 градобијни ракети

Србија синоќа беше зафатена со силно невреме со дожд, град и грмотевици.

 

Регистрирани се повеќе од 15.000 удари од гром и молњи.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Танјуг потврди дека во целата држава  ноќеска се испукани 829 ракети од осум радарски центри.

 

За три часа употребени се 10 отсто од целокупните ракети на годишно ниво.

Во Чачак, Ивањица и Лучаним околу 20 минути паѓаше град со големина на лешник.

 

Околните села претрпеа штета на овошките и посевите, пренесуваат локалните медиуми.

И територијата на Белград синоќа околу 19 часот и 40 минути беше зафатена со невреме, силен дожд, град и ветер, поради што на кратко беа прекинати фудбалските натпревари помеѓу Црвена Звезда и Напредок и Партизан и Пролетер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.