Родена првата шестка во Полска

Во Универзитетската болница во Краков, јужна Полска, жена со царски рез родила шест деца, што е прв таков случај во земјата. Од бебињата, четири се девојчиња, а две машки.

 

Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш, е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.

 

– Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки… А всушност, докторите очекуваа пет бебиња, изјави одговорниот во болничкото неонатолошко одделение, Ричард Лотербах.

 

Родителите добија честитки  и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб Краковија понуди доживотни влезници за нивните натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.