Фронтекс ќе ја набљудува албанско-грчката граница

 Почнувајќи од утре целата гранична линија меѓу Албанија и Грција ќе биде мониторирана од 50 офицери на Европската агенција за гранична безбедност-Фронтекс.

 

Целта е да се контролираат миграциските текови, борбата против криминалот и трговијата со луѓе.

 

Свеченоста по повод започнувањето на оваа прва заедничка операција во Албанија, што поретставува нова фаза за погранична соработка помеѓу ЕУ и партнери на Западен Балкан се одржува во Конгресната палата во Тирана.

 

Ова ќе биде првпат Фронтекс да спроведува операција на територија на земја која не е членка на ЕУ.

 

На свеченоста прсуствува европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери, премиерот Еди Рама и албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Леши.

 

Во своето обраќање министерот Леши рече дека операцијата со Фронтекс ќе ја зајакне безбедноста на границите за да ги спречи имигрантите во намерата да ја исползуваат Албанија како транзит кон земјите од ЕУ.

 

Според него во 2018 година бројот на имигрантте бил поголем за повеќе од шесттпати во споредба со 2017 година, н оти оваа појава присутна е и оваа година.

 

-Со заедничкото ангажирање со Фронтекс, ние настојуваме многу подобро да го третираме проблемот со нерегуларната миграција кон Албанија. Но, во исто време, ние веруваме дека ќе ги зајакнеме нашите капацитети во борбата против прекуграничниот криминал, ќе ја зголемиме соработката со Фронтекс и со земјите-членки на ЕУ, кои ќе учествуваат во операцијата, а пред се да се зголеми нивото на взаемна доверба меѓу албанската полиција и нејзините колеги во Европа,рече меѓу другото Леши.

 

Според Аврамопулос мисијата на Фронтекс во Албанија претставува нова етапа на соработка меѓу Албанија и ЕУ и оти таа соработка во никаква форма не влијае врз суверенитетот на Албанија.

 

Тој посочи дека денешните предизвици се заеднички и Албанија, како дел од европското семејство е прва што соработува на ова поле





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.