Шерпас по 24. пат го освои Монт Еверест
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Мај 2019
Непалскиот шерпас Ками Рита Шерпа по 24-ти пат се искачи на Монт Еверест, соборувајќи го претходниот рекорд.
Како што соопштија локалните власти, тоа било негово второ искачување на највисокиот врв на светот за една недела.
Ками (49) го освои врвот висок 8.850 метри на традиционалната рута на југоисточниот гребен, изјави претставничката на непалскиот Оддел за туризам, Мира Ачарија. Тој планира уште еден таков потфат пред да се повлече.
Трасата која ја установиле Новозеланѓанецот Едмунд Хилари и шерпасот Тензинг Норгај во 1953 година, и натаму е најпопуларната патека што води до највисоката точка на светот.
Двајца други планинари, исто така шерпаси, се искачија на Монт Еверест по 21 пат, по што обајцата се повлекоа од активно искачување на врвот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс