Дачиќ: Пацоли со 500 илјади долари сакал да купи признавање на Косово од Конго

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за денешните „Вечерњи новости” изјави дека косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, неодамна испратил својот човек во Конго со 500.000 долари за да ја „убеди” новата влада таму да го признае Косово.

 

На почетокот на мај, Пацоли објави дека Конго „наскоро ќе го признае Косово”, но во Белград стигнала нота од амбасадата на таа држава во која такви наводи се демантирани, потсетува весникот.

 

Дополнителна потврда дека Конго нема да ја промени својата позиција во врска со ова прашање, добил Дачиќ минатиот викенд од новиот претседател на таа земја, Феликс Чизекеди.

Според шефот на српската дипломатија, кој во последните десет дена посети седум земји на африканскиот континент, Конго не е единствената адреса каде Пацоли ги испратил своите „пратеници”.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.