Рама му се закани на Мета: Сам си ја напиша судбината, немаш право да останeш на функција

Албанскиот премиер Еди Рама од градот Бурел каде присуствува на изборен митинг го најави заминувањето на претседателот Илир Мета, велејќи дека вчера сам си ја напишал судбина и оти го изгубил правото да остане на таа функција.

 

-Својата судбина политичарите си ја пишуваат сами. Вчера Илир Мета ја напиша својата судбина, како претседател кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија. Сите оние кои го водат движењето против Рама ќе заминат еден по еден,изјави премиерот Рама.

 

Тој го нарече Мета, спасител на оние што останале на улица а неговата одлука за одложување на изборите ја смета за „законска нула и морален срам".

 

-Има многу повеќе луѓе од оние што излегуваат на булевар барајќи оваа влада да замине час порано, многу повеќе се оние кои ги имаат сите права да размислуваат поинаку, бидејќи не се глупави и не може некој да ги влече за нос. Владата не може да ја урне ништо, освен гласот на народот. Вчера неочекувано за многумина, но целосно според нашите предвидувања, се појави спасител на оние кои останаа по улиците, ни повеќе ни помалку, туку претседателот на Републиката соопштувајќи чин што е политичко самоубиство, законски е нула, а не постои и морално е најголем срам,-изјави Рама.

 

Тој порача дека локалните изборите ќе се одржат на 30-ти јуни.

 

-Немој да се изненадите ако кажам дека од фронот на спасувачот на опозицијата не видовме ништо. Тоа не е последното лудило ќе има уште, но едно е сигурно. Без разлика дали сакал или не Сали(Бериша екс лидер на Демкратите и поранешен претседател и премиер), дали сакал или не Илир (Мета претседател на Албанија), дали сакал или не Љуљзим(Баша лидер на Демократската партија), изборите на 30 јуни ќе се одржат,-порача Рама.

 

Рама ја обвини опозицијата сака да ги закопа правосудните реформи додавајќи дека премиерот и народот ќе се борат да ја донесат правдата и за „големите".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.