All for Joomla All for Webmasters

Косово ја одбележува 20-годишнината до влегувањето на силите на НАТО

Со низа свечености, на кои покрај државниот врв ќе присуствуваат и високи гости од странство, Косово денеска ја одбележува 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во земјата, со што беше ставен крај на војната од 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Прославата на овој ден, кој Косово го слави како ден на ослободувањето, ќе започне во 11 часот со пригодна програма на плоштадот „Скендербег" во центарот на Приштина.

 

Во 14 часот ќе се одржи „Поворката за мир", на која покрај домашните лидери ќе учествуваат и гости од земјите сојузнички на Косово, меѓу кои и поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Бил Клинтон и неговата најблиска соработничка, тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, како и тогашниот командант на НАТО, Весли Кларк.

 

Поворката ќе заврши на плоштадот „Олбарјт", на местото каде што во оваа прилика свечено ќе биде откриена бистата на поранешната американска државна секретарка, а потоа, во 15 часот ќе се посети и статуата на Клинтон, која се наоѓа на истоимениот плоштад и булевар во центарот на Приштина.

 

Околу 50 илјади припадници на копнените сили на Алијансата, на денешен ден пред 20 години, влегоа во Косово, откако три дена претходно во Куманово беше потпишан воено-техничкиот договор со војската на тогашна СР Југославија и Косовската полиција, што го означи и крајот на 78-дневната воздушна кампања на НАТО против СР Југославија и повлекувањето на српските сили од Косово. Околу девет години подоцна, во февруари 2008, Косово прогласи независност, која досега ја имаат признаено околу 100 држави во светот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.