Рохани: САД претставуваат сериозна закана за глобалната стабилност

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека активностите на САД претставуваат сериозна закана за глобалната и регионалната стабилност.

 

Рохани тоа го изјави во рамки на меѓународниот форум на Шангајската организација за соработка, кој се одржува во Киргистан.

 

– Во последните две години администрацијата на САД, нарушувајќи ги сите меѓународни структури и правила, и искористувајќи ги своите економски, финансиски и воени ресурси, преземала агресивен приод и претставува сериозен ризик за стабилноста во регионот и светот, нагласи иранскиот претседател.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.