Нова демократија победник на изборите во Грција, Златна зора вон Парламентот

Централно десничарската партија Нова демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција и освои доволен број на гласови и 158 пратеници за да формира еднопартиска влада, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Со пребројани 81,9% од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е прва со 39, 72%, односно 8,13% повеќе од СИРИЗА, додека пак изненадувањето на изборите е тоа што Златна зора, барем засега, не успева да ја достигне потребната граница од 3% за влез во Парламентот.

 

Поконкретно:

Нова демократија 39,72% – 158 пратенички места

СИРИЗА 31,59% – 86 пратенички места

Движење на промена 7,90% – 22 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 5,37% – 15 пратенички места

Грчко решение 3,74 % – 10 пратенички места

МЕРА25 3,49% – 9 пратенички места

Златна зора 2,96% – 0 пратенички места

 

Утре во 13 часот по локално време, како што соопштуваат од претседателската палата, Кирјакос Мицотакис ќе положи свечена заклетва, откако претходно, од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе го добие мандатот за формирање влада.

В

еднаш потоа, веројатно ќе замине за премиерската палата, каде што ќе биде и примо – предавањето на функцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.