Мицотакис утре ќе положи свечена заклетва

Лидерот на Нова демократија утре ќе положи свечена заклетва со што и официјално ќе стане премиер на Грција.

Извори од СИРИЗА за грчките медиуми нагласуваат дека Ципрас телефонски му честитал на Мицотакис и го информирал дека утре го чека да ја посети премиерската палата за примо-предавање на функцијата.

 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во прес центарот во салата за конференции Запио, вечерва се очекува да дојде премиерот во заминување Алексис Ципрас и да одржи прес конференција.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.