По кој пат ќе оди Грција откако убедливо победи опозицијата?

Преспанскиот договор е клучен за парламентарните избори во Грција, вели професор Јоаким Каламарис во интервју за бугарската НОВА.

 

На предвремените парламентарни избори во Грција, опозициската партија на Киријакос Мицотакис "Нова демократија" победи убедливо против СИРИЗА на актуелниот премиер Алексис Ципрас. Причините за дефинитивната победа ги коментира професорот Јоаким Каламарис за НОВА.

 

"Висок и неочекуван процент за СИРИЗА, и покрај разликата од 10%. Мислам дека овој резултат се очекуваше. Отсега натаму, новиот премиер и неговата влада ги чека многу работа за да ги задоволат барањата на луѓето", рече професорот Каламарис.

 

Преспанскиот договор за името на Северна Македонија се покажа како клучен за резултатите од парламентарните избори во Грција, вели професорот Каламарис.

 

"Моментот со Преспанскиот договор што го имаме со Скопје е неповратен. Во оваа ситуација, луѓето во македонскиот главен град исто така се депресивни. Тие никогаш не сакаа промена на името, како и Грците. Тешко е да се прогнозира по каков пат ќе оди Грција во однос на ова прашање.", додаде Јоаким Каламарис.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.