Шест жртви на горештините во САД

Необично топлото време предизвика смрт на најмалку шест луѓе во различни делови на САД објавија агенциите.

 

Четири души загинаа во Мериленд, а по еден во Аризона и Арканзас. Топлината може да засегне околу 200 милиони луѓе во Средниот запад и Источниот брег на Соединетите држави.

 

Претходно, Федералната агенција за управување со вонредни ситуации ФЕМА предупреди дека околу половина од жителите на САД се зафатени од "топлотен удар". Беше потенцирано дека комбинацијата од топлина и влажност може да создаде опасна ситуација. Агенцијата информираше дека причината за смртните случаи е поврзана со метеоролошките услови во САД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.