ЕУ е подготвена да соработува со Борис Џонсон за Брегзит

Шефовите на ЕУ рекоа дека сакаат да соработуваат со следниот британски премиер Борис Џонсон за да го ратификуваат договорот за Брегзит, потпишан од неговиот претходник.

 

"Со нетрпение очекуваме да работиме конструктивно со премиерот Борис Џонсон, кога тој ќе ја презеде функцијата, за да се олесни ратификацијата на договорот и да биде постигнат конечен Brexit", напиша на Twitter преговарачот од ЕУ Мишел Барние, откако Џонсон беше потврден за нов премиер.

 

Новиот претседател на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, му честиташе на Борис Џонсон за победата, но предупреди дека "предизвиците доаѓаат".

 

"Честитки за Борис Џонсон за номинирање за премиер", рече таа на состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз. "Со нетрпение очекувам да имам добар работен однос со него. Постојат многу различни и тешки прашања со кои треба да се справиме заедно. Пред нас имаме предизвици", рече таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.