Напаѓачот во џамијата во Осло доби 30-дневен притвор

Судот во главниот град на Норвешка, му одреди 30-дневен притвор на 21-годишниот Филип Мансхаус, кој во саботата отвори оган во џамија на периферијата на Осло, јави телевизијата NRK.

 

Германска ДПА наведува дека следните две  недели Мансхаус ќе биде во целосна изолација, а за цело време на притворот ќе има забрана за кореспонденција со надворешниот свет и за посети.

 

Момчето е обвинето за убиство на својата полусестра и терористички напад. Пред заседанието на судот обвинетиот изјави дека на новинарите им дозволува снимање.

 

Телевизиските кадри покажаа дека во судската сала Мансхаус се појави со модринки околу очите и рани по лицето и вратот.

 

Подоцна судот го затвори заседанието за јавноста.

 

Според неговата адвокатка, Уни Фрис, напаѓачот Мансхаус не ја признава својата вина и бара ослободување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.