Првиот дел од Турски тек во Србија е завршен

Денеска заврши изградбата на првиот дел од гасоводот „Турски тек“, кој ќе поминува низ српска територија, од бугарската граница до градот Ќуприја, објави РТ Војводина.

 

Во моментов се работи на изградба на вториот сегмент - од Ќуприја до реката Дунав. Севкупно, треба да се изградат четири делници. Гасоводот се очекува да се заврши до крајот на годинава. За изградбата на вториот дел ќе се користат повеќе од 50 илјади тони цевки.

 

Претходно, српскиот министер за енергетика Александар Антиќ рече дека околу половина од цевките што се потребни за изградба на српскиот „Турски тек“ од 180.000 тони веќе пристигнале во земјата. 

 

Србија започна со градежни работи на гасоводот, без да чека да заврши работата на бугарскиот дел. На 5 март српската агенција за енергетика одобри изградбата да започне во април. Изградбата на гасоводот во Србија од границата со Бугарија до границата со Унгарија е заедничко вложување меѓу Гаспром и Србијагас Газтранс Нови Сад. Турскиот дел на Турски тек ќе започне со снабдување со гас до крајот на април 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.