Италијанскиот Сенат утре ќе расправа за недоверба на владата
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Август 2019
Италијанскиот Сенат во полн состав утре ќе се состане за да го разгледа предлогот за изгласување недоверба на владата.
Италијанските медиуми наведуваат дека Сенатот седницата ќе ја почне утре во 18 часот.
Кризата минатата недела ја почна министерот за внатрешни работи и лидер на партијата Лига, Матео Салвини, кога отворено побара органиизрање предвремени избори наведувајќи дека Италија веќе нема владеачко мнозинство.
Политичките партии во Италија се поделени за тоа како работите треба да се одвиваат, а Лигата на Салвани смета дека треба што поскоро да се одлучи за тоа изборите да се одржат есенва.
Коалициските партнери на Лигата во владата, пак, движењето Пет ѕвезди и Демократската партија сметаат дека работите не треба да се забрзуваат.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс