Американската морнарица ги исфрла од употреба екраните на допир

Американската морнарица планира да ги исфрли од употреба екраните на допир на своите разурнувачи и да ги замени со конвенционални механички контроли до 2020 година.

 

Иако американската војска отсекогаш прифаќала нови технологии, овојпат, наместо дисплејот, на командните табли ќе се вратат рачките, копчињата и лостовите, пренесува Б92.

 

Морнарицата ја донесе таа одлука по завршувањето на истрагата за судирот на бродот УСС Џон. С. Мекејн во 2017 година, во кој загинаа 10 морнари. Истрагата утврди  дека несреќата се должела на комплицираниот управувачки интерфејс на командниот екран чувствителен на допир и лошата обука на морнари, што доведе до судир со друг брод.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.