Невреме во Сараево, авионите пренасочени во Белград и Загреб

Силното невреме во Сараево и намалената видливост предизвика проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај.

 

Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс.

 

Авион на компанијата „ФлајДубаи“, кој леташе од Дубаи кон Сараево требаше да слета на аеродромот во Сараево во 5.55 часот. Тој кружеше околу половина час, но неуспеа да слета и полета за Белград.

 

Авионот „Јуровингс“ од Штутгарт, кој требаше да пристигне во 17.10 часот, беше пренасочен кон Загреб, по 10-минутно кружење над сараевскиот аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.