Стејт департментот повикува на внимателност при патување во Хонг Конг

Стејт департментот денеска објави предупредување во однос на патувањата во Хонг Конг, повикувајќи на „зголемена внимателност поради граѓанските немири“.

 

Воздушниот сообраќај денеска е обновен на аеродромот во Хонг Конг, кој беше затворен два дена откако беше окупиран од демонстрантите.
Аеродромските власти во Хонг Конг објавија претходно денеска дека по судирот меѓу полицијата и демонстрантите, кои се собраа на аеродромот минатата ноќ, добиле судски налог со кој се забрануваат демонстрации што ја попречуваат работата на аеродромите.

 

Веќе неколку недели траат антивладините протести во Хонг Конг, а во нивни рамки, беше окупирана аеордромската зграда на еден од најфрекфентните аеродроми во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.