Кан: Во Кашмир е можна нова Сребреница

Пакистанскиот премиер Имран Кан денеска предупреди на опасноста „во Кашмир да се повтори масакрот и етничкото чистење на муслиманите, како тоа што пред 24 години беше во Сребреница“.

 

„Зарем светот тивко ќе набљудува масакр и етничко чистење на муслиманите во Кашмир, како тоа што беше во Сребреница“, на Твитер наведе тој, а пренесе радио Слободна Европа.

 

„Сакам да ја предупредам меѓународната заедница, доколку дозволи тоа да се случи, дека ќе има сериозни последици и ќе предизвика реакции во муслиманскиот свет што го раздвижуваат радикализаицијата и циклусите на насилство“, додаде Кан.

 

РСЕ додава дека изјавата на пакистанскиот премиер следи откако Индија на 5 август го укина специјалниот уставен статус на Кашмир, во обид целосно да го интегрира единствениот регион со мнозинско муслиманско население.

 

Кашмир е под опсада повеќе од седум дена, со прекината мобила и фиксна телефонија, интернет мрежи и ограничувања, како што е полицискиот час, со кој на луѓето им се забрануваат собири.

 

Индиските власти вчера соопштија дека ограничувањата се ублажени во регионот со хинду мнозинство Џаму.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.