Лабуристите бараат Парламентот да ја прекине летната пауза

Британскиот Парламент треба веднаш да ја прекине летната пауза за да одржи седница за Брегзит, изјави денеска Џон Мекдонел, втор човек на опозициската Лабуристичка партија, откако протекоа владини документи за можните ризици од излезот на Британија од ЕУ без договор.

 

Како што објави вчера „Сандеј Тајмс“, повикувајќи се на доверлив документ од британската Влада за ризиците од Брегзит, во случај Велика Британија да излезе без договор ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови.

 

– Неопходно е повторно да се соберат пратениците бидејќи ни треба време за соодветна дебата во врска со Брегзит, истакна Мекдонел.

 

Парламентот е на пауза до 3 септември.

 

Лабуристите кои се против излез на Британија без договор со ЕУ, сакаат да ја соборат владата на премиерот Борис Џонсон и да формираат коалиција предводена од нивниот лидер Џереми Корбин, со цел да се одложи Брегзит. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.