Над 60 луѓе повредени во серија бомбашки напади во Џалалабад

Најмалку 66 лица се повредени, меѓу кои и деца во серијата бомбашки напади врз ресторани и плоштади во Џалалабад, град во источен Авганистан, кој денеска одбележува 100 години независност.

 

За сега никој не презеде одговорност за 10 бомбашки напади. Во тој регион активни се Исламска држава и талибанските екстремисти.

 

Бомбите експлодираа во близина на пазарот каде стотина луѓе се собрале по повод Денот на независноста на Авганистан.

 

Според локални болнички извори најмалку 66 луѓе се повредени, од кои 20 се деца.

 

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во обраќањето по повод Денот на независноста во Кабул апелираше до меѓународната заедница да ја поддржи неговата земја и да ги „уништи гнездата“ на тероризмот.

 

Тој истакна дека борбата против ИД ќе продолжи, наведувајќи дека талибанците „ги поставија темелите“ за таквите брутални убиства.

 

Во саботата во напад на свадба во Кабул загинаа 63 лица, а повредени се 182. Одговорноста за нападот ја презеде огранок на ИД во Авганистан.

 

Нападите се во момент додека талибанците и САД преговараат за договор со кој е предвидено повлекување на американските сили од Авганистан во замена талибанците да се обврзат на мировни преговори со Владата во Кабул.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.