Крај на слободното движење на луѓето од ЕУ во Велика Британија по Брегзит

Велика Британија веднаш ќе го запре слободното движење за луѓето од Европската унија,по Брегзит, на 31 октомври.

 

„Слободата на движење, како што тековно стои, ќе заврши на 31 октомври, кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ“. Ова го изјави портпаролката на Даунинг стрит 10, цитирана од агенциите. Таа додаде дека владата планирала „построги правила“ во врска со криминалот на луѓето што влегуваат во Велика Британија.

 

„Деталите за другите измени од 31 октомври се разработени во новиот систем за имиграција“, рече портпаролката.

 

Промената доаѓа во услови на зголемени стравувања дека Велика Британија ќе го напушти 28-члениот блок без договор за два и пол месеци.

 

3,6 милиони граѓани на ЕУ во Велика Британија веќе мора да аплицираат за „постојан статус“ според шемата за внатрешни работи што ја започна претходникот на Џонсон, Тереза ​​Меј. Сепак, досега, само околу еден милион имаат стекнато ваков статус.

 

Во јануари, владата на Меј соопшти дека ќе престане слободното движење „што е можно поскоро“ по Брексит без договор.

 

Новиот британски премиер Борис Џонсон изјави дека претпочита систем за имиграција базиран на искуство по Брекзит, но дека Даунинг допрва треба да ги открие целосните детали.

 

Критичарите кои ги претставуваат граѓаните на ЕУ велат дека тој се обидува да го избегне парламентарниот преглед на неговиот изменет став за новите пристигнувања по Брегзит и стравува дека тие што веќе се во Велика Британија може погрешно да потпаѓаат под новите правила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.