Експлозија на Западниот брег, убиена израелска девојка

Во експлозија на Западниот брег, за која Израел ја обвинува Палестина, убиена е 17-годишна девојка, а нејзините татко и брат се ранети, соопштија израелските власти.

 

Првично беше објавено дека тројца Израелци се ранети во експлозија во населбата Долев, северозападно од Ерусалим, но властите подоцна соопштија дека девојката починала од здобиените повреди, а нејзиниот брат е во критична состојба.

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди нападот и порача дека виновниците ќе бидат гонети, а израелската населба во окупираниот Западен брег ќе биде „зајакната“.

 

За време на експлозијата семејството било во близина на изворот на вода. Не е познато дали експлозивот е фрлен кон нив или претходно бил поставен на тоа место.

 

Од друга страна, лидерот на Хамас во Газа, Ислаим Ханије го поздрави нападот нарекувајќи го „херојска операција“.

 

Тој не ја презеде одговорноста за нападот, но ги пофали напаѓачите „без оглед на тоа кои се тие“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.