Макрон: Сакам овој Г7 да биде корисен

Од пред четири години, еднаш годишно, се состануваме да разговараме за најголемите светски теми. Оваа средба е важна, во спротивно секој би тргнал по својот пат. Она што се очекува од нас е да се координираме, рече претседателот на Франција Емануел Макрон во десетминутната порака од Бијаритц во телевизиското обраќање до Французите, јавува дописникот на МИА.

 

Емануел Макрон во таа прилика ги наведе прашањата на самитот на Г7: „големите конфликти“ (Иран, Сирија, Либија, Украина …), „ситуацијата на светската економија“ (а особено „заживување на растот “),” Борбата против нееднаквостите “(иницијативи за еднаквост меѓу жените и мажите, за дигиталната техологија, итн.).

 

Претседателот на Франција осбоено се задржа на климатските промени.

 

Ние мора да одговориме на повикот на океанот, тука зад мене во Бијариц и шумата што гори денес во Амазон. Амазон е наше добро, сите сме загрижени, Франција уште повеќе: преку Гвајана, француска територија на Јужна Америка, ние сме Амазонци, инсистираше Емануел Макрон.

 

Тој исто така најави дека поморските транспортери ќе се согласат да ја намалат брзината на нивните бродови на морињата и океаните за зачувување на климата. Тој потсети дека текстилниот сектор презеде чекори за воведување иницијативи за животната средина и одржливиот развој.

 

Можеби нема да успееме воопшто, призна шефот на државата. – Но Франција мора да направи максимум. Сакам овој Г7 да биде корисен. Мислам дека можеме да имаме суштински состанок. Јас ветувам во ваше име да дадам се од себе за да работиме заедно “.

 

Емануел Макрон вети дека ќе „редовно известува“ за напредокот и блокирачките точки. Тој, исто така, увери дека ги „слуша“ и учесниците на „анти-самитот“, но ги повика да се „смират“. „Големите предизвици се наши, ние ќе ги решиме со заедничко делување“, рече тој.

 

Обраќањето го заврши со благодарност на градот Бијариц, неговите жители и турситите кои мораа да бидат подложени на „ограничувања“ поврзани со организирање на самитот.

 

-Ние ќе му покажеме на светот колку е убава Франција и колку сме горди, заклучи Макрон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.