НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите во Амазонија (ФОТО)

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонската прашума, честопати нарекувана како „белите дробови на светот“.

Пожарот и чадот од Амазон се јасно видливи од вселената, а фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.

Снимките на НАСА покажуваат интензивирање на пожарите и чадот во бразилските држави Рондонија, Мато Гросо и Амазонас.

Повеќе од половина од пожарите се наоѓаат во огромниот басен на Амазон, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Повеќе од 75.000 пожари избувнаа од почетокот на годинава, што е за 83 проценти повеќе од лани, и најмногу откако се води евиденција за тоа. 

Златко Шумковски

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.