Ер Франс и Ербас ослободени од обвиненијата за несреќата на летот АФ477 и смртта на 228 лица на 1 јуни 2009

Истражните судии задолжени за истрагата за несреќата на летот АФ477 на релација Рио-Париз во 2009 година, наредија ослободување од гонење за производителот на авиони „Ербас“ и компанијата „Ер Франс“, јавува дописникот на МИА.

 

Одлуката, донесена десет години по несреќата на летот AФ447 и смртта на 228 лица во авионот, се разликува од барањето на обвинителството кои побараа да и се суди само на француската авиокомпанија Ер Франс.

 

Главното здружение на роднини на жртвите, Меѓусебна помош и Солидарност AФ447, ја објави својата намера да поднесе жалба „за една одлука со која се навредува споменот на жртвите“.

 

На 1 јуни 2009 година, летот AФ447 се урна во Атлантскиот Океан. Во несреќата загинаа 228 патници и членови на екипажот од 34 националности, со што стана најсмртоносната несреќа во историјата на француската компанија. Појдовна точка на катастрофата: замрзнување при летањето на сондите за брзина Пито, што доведе до нарушување на мерењата на брзината на „Ербасот А330“ и ги дезориентираше пилотите сè додека авионот не се урна.

 

Во оваа истрагата, која траеше повеќе од десет години, двете компании беа обвинети во 2011 година за „ненамерно убиство“. Во последното обвинение изнесено минатиот 12 јули, парискиот обвинител побара од судиите да го испратат„Ер Франс“ пред Кривичниот суд и да изречат ослободување за производителот Ербас. Поточно, обвинителството сметаше дека авиокомпанијата била „несовесна и невнимателна“ во недостиг на обука на своите пилоти и недоволна информација за постапката што треба да се следи во случај на аномалии на сондата која овозможува да се контролира брзината на авионите, ова по неколкуте слични инциденти во претходните месеци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.