Ослабнат, ураганот Доријан се приближува кон Северна Каролина

Откако предизвика торнадо во Јужна Каролина, ураганот Доријан се приближи до островите Аутер Банкс во Северна Каролина, каде жителите се под закана на директен удар, иако ослабе до прва категорија.

 

Ураганот, со налети на ветрот од 150 километри на час, денеска се наоѓа на 50 километри југозападно од Кејл Лукаута, на остров во Северна Каролина, пренесува Ројтерс. Се очекува дека тој ќе продолжи да се движи над морето некое време пред да стигне до Северна Каролина подоцна денеска, објави Националниот центар за урагани во Мајами.

 

Повеќе од 280.000 домаќинства и компании утрово останаа без електрична енергија во Северна и Јужна Каролина. На островот Окракок, 500 од 1.000 граѓани решиле да останат и да се соочат со невремето на островот, изјави сопственичка не едено кафуле на островот Ен Варне. Таа забележала дека бродовите не пловат.

 

– Премногу е доцна за да заминеме. Ако сакате да се премислите, веќе е предоцна. Ние сме оставени сами на себе, рече таа.

 

Во Вирџинија се спроиведува евакуација.ж

 

Ураганот претходно предизвика големи уништувања на Бахамите, каде итно е потребна хуманитарна помош за најмалку 70.000 луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.