ЕУ: Преговарачите се согласија да ги продолжат разговорите

Европската унија денеска соопшти дека британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите насочени кон надминување на кризата околу Брегзит.

 

Европската комисија соопшти дека техничките разговори се фокусирале на „првиот сет концепти, принципи и идеи изнесени од Велика Британија“..

 

ЕУ побара од Велика Британија да излезе со предлози за тоа како стоката може да продолжи да ја минува лесно границата  со Ирска без скапи и долги проверки кога Северна Ирска ќе го напушти блокот со остатокот од Велика Британија.

 

ЕК оцени дека е „клучно да постои целосно изводливо и законски оперативно решение“ вклучено во правно обврзувачкиот договор за излез на Велика Британија од ЕУ.

 

Европската комисија останува подготвена и отворена да ги преиспита сите предлози кои се во согласност бекстоп – избегнување на тврда граница меѓу Ирска и Северна Ирска, што е предлог кој Велика Британија сака да го отстрани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.