Силен тајфун се движи кон североисточна Јапонија

Силен тајфун денеска тргнал кон североисточниот дел на Јапонија до островот Хоншу, откако погодил делови од јужните острови со силен дожд и ветрови кои предизвикале поплави.

 

Тајфунот Тапах денеска поминал во близина на Нагасаки, откако претходна два дена погодил други делови на јужна Јапонија, вклучувајќи ја и Окинава.

 

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека тајфунот се движел североисточно со брзина од 30 километри на час, со максимални брзини на ветрот од 162 километри на час.

 

Агенцијата предупреди на обилни дождови, поплави и можни свлечишта до утре во западниот дел на Јапонија.

 

Поради тајфунот Тапах во Јапонија се откажани стотици летови, а се очекува невремето да предизвика слични нарушувања во воздушниот сообраќај кога денеска подоцна ќе дојде и до Јужна Кореја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.