Избори на Косово: На 95 отсто обработени гласови води Самоопределување на Курти

Според најновите прелиминарни резултати од изборите во Косово, врз основа на преброени 95 проценти од гласовите, движењето Самоопределување на Албин Курти води со 25,70 проценти од гласовите.

 

Курти во повеќе наврати ги има изразено своите политички ставови со кои се залага за обединување со Албанија тврдејќи дека Косово има право да ѝ се приклучи на оваа земја, иако како што вели е свесен дека денес нема соодветни услови за тоа.

 

Исто така Курти има изјавено дека Косово има чудни симболи, мислејќи на знамето и химната, велејќи дека тие не ги изразуваат вредностите што Албанците ги сметаат за големи.

 

Според Централната изборна комисија, Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа е втор со 25,07 проценти од гласовите, или 4.775 гласови помалку од Самоопределување.

 

На третото место е Демократската партија на Косово на Хашим Тачи со 21,15 проценти од гласовите.

 

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа имаше вонредно обраќање поради изборите на кое изјави дека Српска листа, партија поддржана од официјален Белград, ја остварила најубедливата победа во својата историја, освојувајќи повеќе од 90 проценти од гласовите во сите српски средини. Тој додаде дека Србите во косовскиот парламент ќе имаат сјајна политичка застапеност.

 

Прелиминарните резултати не ги вклучуваат гласовите по пошта, дијаспората и гласовите на лицата со посебни потреби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.