Во пожар во зграда во Русија загинаа четири деца

Најмалку пет луѓе загинаа, меѓу кои четири деца, во пожар во станбена зграда во московската област Волоколамск, пренесуваат руските медиуми.

 

Во пожарот, кој избувнал на првиот кат, повредени се три лица, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби. Во несреќата загинала една 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да избегаат, но се задушиле од чад.

 

Телата на уште три деца биле пронајдени во еден од становите кои биле зафатени со пожарот. Пожарникарите успеале да евакуираат 12 лица.

 

Пожарот избувна ноќеска околу 2:30 часот по локално време. По пристигнувањето на противпожарната служба, два стана веќе биле изгорени.

 

Во зградата имало 17 жители, а причината за пожарот сè уште не е позната.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.